Learning-partner компанија
TBM Group е меѓународна компанија со канцеларии во Прага и Скопје, која се занимава со организирање на бизнис конференции на специфични теми од различни индустрии. Овие дводневни конференции се наменети за професионалци од разни области.
Предизвик
Креирање на стратегија и активности со насоки за подобрување на видливоста на брендот на социјалните мрежи.
Решенија
- Social Media Calendar за Facebook и Instagram
- Предлози за промоција и комуникација на Twitter
- Email marketing календар со предлози за кампањи
- SEO анализа со насоки за подобрување и подобра оптимизација
- Предлози за PPC кампањи
- Анализа на клучни зборови за платени реклами
Цел на решенијата
Да се направи објективна анализа на компанијата во однос на начинот на кој го гради својот бренд. Да ѝ се помогне на компанијата да го зголеми своето присуство на социјалните мрежи.
Очекувани резултати
- Зголемено присуство на компанијата на социјалните мрежи, преку создавање на активни профили на Facebook и Instagram, со редовно објавување на содржини поврзани со конференциите, при што ќе се запази тонот на објавите, ќе се понудат интересни и атрактивни содржини и ќе се предизвика интеракција со публиката;
- LinkedIn профилот ќе се збогати со почесто објавување на релеватни содржини, со цел аголемување на публиката;
- Twitter профилот ќе стане поактивен, согласно со предложените насоки;
- Ќе се воспостави пракса за редовни email marketing кампањи;
- Веб страницата ќе се оптимизира согласно предложените насоки;
- Ќе се започне со користење на платени кампањи, кои до сега не биле користени, а кои значително можат да помогнат во процесот на зголемувањето на brand awareness.
Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.