Проект Sara Fashion: Зголемување на brand awareness и оптимизација на SEO

OVERVIEW

RESOURCES

Learning-partner компанија

Sara Fashion е компанија која се обидува главниот фокус да го стави на online продажбата преку веб страницата. Се стреми брендот да го направи достапен за апсолутно секој, и поради таа причина маркетинг тимот развива креативни кампањи во текот на целата година. За потребите на проектот на Galeksia, тимот на Sara Fashion подготви мини акција со времетраење од една недела, комплетно насочена кон празникот на жената 8 Март. По тој повод објави промотивно 20% попуст на новата колекција, достапна во десет продажни салони, но со акцент повторно на online продажбата. 

Предизвик

Главниот предизвик на овој проект е изработка на активности кои ќе бидат насочени кон градење на уште поголема препознатливост на брендот, преку креирање на content календар на месечна основа што би придонело за подобрување на организацијата и распоредот на Facebook и Instagram feed-ot,  правејќи го многу попривлечен и поинтересен за корисниците. Од друга страна, направена е ревизија на веб страницата и обезбедување на насоки и предлози за подобра оптимизација и посетеност, како и совети за понатамошен развој и на email marketing.

Решенија

  • Social media calendar за Instagram и Facebook;
  • SEO анализа со насоки за подобра оптимизација;
  • Предлози и совети за поголемо онлајн присуство на социјалните мрежи со насоки за планирање содржини;
  • Предлози за привлекување на поголем број следачи;
  • Совети за сегментирање на публиката и пристап;
  • Маркетинг кампања за промоција на E-commerce продавница.

Цел на решенијата

  • Добро осмислен и организиран content;
  • Подобрување на brand awareness; 
  • Подобрен SEO.

Очекувани резултати

  • Подобро структурирање на објавените содржини кои ќе го зголемат органскиот сообраќај кон веб-страницата;
  • Подобра оптимизација на веб-страницата и подобро рангирање;
  • Имплементација на идеите за email marketing во иднина.


Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.