Проект Рептил: Зголемување на видливоста и online комуникацијата

OVERVIEW

RESOURCES

Learning-partner компанија

Рептил се ланец маркети со богата традиција и локално значење за потрошувачите. Тргуваат со производи на мало и големо и продажбата ја осигуруваат преку задоволување на потребите на потрошувачите кои вклучуваат: близина до нивниот дом, широк асортиман, прифатливи цени и квалитетни производи. Довербата кај потрошувачите ја градат преку беспрекорната услуга која се одликува со присутност, љубезност и брзина. 

Најголем дел од продажбата е продажбата на мало која ја остваруваат со потрошувачите кои живеат во непосредна близина до маркетите. За нив е важно да ги реализираат нивните потреби за секојдневно пазарење кои вклучуваат близина до нивниот дом, широк асортиман и прифатливи цени. Тие преферираат да пазарат во Рептил наспроти конкуренцијата, затоа што во Рептил ја гарантираат најљубезната, најпријатната и најбрзата услуга во градот.

Предизвик

Студентите на Galeksia имаа задача да понудат решенија кои ќе одат во насока на промоција на можностите за он-лине продажбата која Рептил ја воведува. Преку страницата https://marketonline.mk/, потрошувачите можат да купуваат и домашно зготвени јадења. Студентите треба да понудат идеи, анализи, насоки и стратегии кои ќе овозможат зголемување на продажбата и користењето на он-лине услугата за непречено пазарување од својот дом. Главната порака, која Рептил сака да ја сподели со својата публика е: „Пазарете со срце и задоволство.“

Решенија

  • SEO анализа на страницата https://marketonline.mk со преглед на функционалноста и насоки за подобра оптимизација;
  • Предлог email marketing calendar;
  • Насоки за креирање на успешни email marketing кампањи, со совети за сегментирање на публиката, теми, пристап, workflows итн.;
  • Совети за застапеност на социјалните мрежи, со насоки за планирање, теми, фреквенција и сл.;
  • Content calendar за две социјални мрежи Facebook и Instagram.

Цел на решенијата

Целта на овој проект и на изработените решенија е да ѝ се понудат на компанијата насоки за поголемо присуство на социјалните мрежи. Досегашното користење на дигиталниот маркетинг од страна на компанијата е лимитирано, така што изработените задачи претставуваат основа за тоа на кој начин би требало да го зголемат своето online присуство, како да комуницираат со своите потрошувачи, како да привлечат поголем број на следачи, како да ги промовираат уште повеќе своите производи и тековни акции.

Очекувани резултати

  • Зголемено присуство на социјалните мрежи;
  • Подобра и поактивна комуникација со потрошувачите;
  • Зголемена посетеност на online продавницата.


Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.