Learning-partner компанија
Посредник e компанија која работи во сегментот на помошните услуги во образованието на студентите. Oснованa е во 2019 година, по неколку годишно работно искуство на менаџерскиот тим во организација на познатите и популарни Work & Travel програми наменети за студенти. Услугите на компанијата се насочени кон подобрување на личните квалификации на учесниците и студентите, но и создавање на млади мотивирани лица со западноевропски работни навики.
Предизвик
Предизвикот за овој прокет беше создавање на стратегија за подигнување на свесноста за постоењето на ваков тип на компанија, која ќе придонесе за зголемена посетеност на веб страницата, заследување на профилите на социјалните медиуми и воопшто поактивна комуникација на компанијата со потенцијалните клиенти.
Студентите на Galeksia работеа на анализа и препораки за подобро функционирање на страницата на Посредник.мк, контент календар за социјалните медиуми Facebook и Instagram, содржини за LinkedIn, платени реклами, клучни зборови, SEO анализа и препораки. Со оглед на тоа дека компанијата претходно не била многу активна во делот на социјалните медиуми, овие препораки и насоки треба да и помогнат за зголемување на активноста на социјалните мрежи.
Пристап
Во период од 4 недели, 4 студенти активно работеа на извршување на задачи од разни области на дигиталниот маркетинг, за потребите на Посредник.мк. Стекнатото знаење за content marketing, email marketing, SEO, Paid ads with Google, се само дел од аспектите од програмата за дигитален маркетинг кои беа употребени.
Пристапот кој беше применет е поделба на активностите на секој член од тимот, каде што секој студент работи самостојно, а се организираа неделни состаноци за координација.
На крајот на проектот, студентите ги претставија изработените задачи и препораките на заеднички состанок со компанијата, при што акцентот беше ставен на решенијата и препораките.
Решение
Студентите на Galeksia изработија стратегија за дигитален маркетинг со препораки за поголема видливост на компанијата, како и насоки за подобра комуникација со потенцијалните клиенти. Можностите на студентите за практична работа во Германија, Посредник.мк ги претставува со помош на веб страницата и социјалните мрежи.
Стратегијата вклучува предлози за email marketing кампања, content календар за Facebook и Instagram со 48 објави за период од два месеци, 8 предлог содржини за LinkedIn, SEO анализа, анализа веб страницата и предлози за 3 платени реклами со листа на клучни зборови.
Feedback
„Сметам дека се супер изрaботените материјали и дека баш ни беа потребни. Целта и мене ми беше да се направи една анализа од страна која ќе биде независна од нашето мислење и да слушнеме стварно како изгледаат работите. Јас во периодот што следи ќе се потрудам да ги имплементираме ама баш сите забелешки, со цел да ја подобриме целата веб страница“, изјави Даниел Пешов, генерален менаџер и сопственик на Посредник.мк
Заклучок
Студентите на Galeksia кои работат на реални проекти за партнер компаниите, со изработените задачи го надополнуваат своето лично портфолио, кое подоцна ќе им користи во процесот на барање работа, или напредување во кариерата.
Работата на реален проект значи учење низ работа и примена и усовршување на стекнатото знаење. Во исто време, компанијата добива применливи решенија кои може веднаш да ги користи, како што е случајот со компанијата Посредник.
Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.