Проект Нептун: Креирање на кампања за employer branding

OVERVIEW

RESOURCES

Learning-partner компанија

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонија. Нептун постои веќе подолго време на пазарот за техничка опрема во Македонија и регионот и е препознатлив бренд.

Со вклучувањето на Нептун како learning partner, студентите имаа можност да работат на активности за голема компанија, како и да соработуваат со повеќе сектори.

Предизвик

Предизвикот во овој проект беше на кој начин да се зголеми видливоста на делот од компанијата задолжен за вработените. Компаниската веб страна има постоечки содржини во делот за кариера, но потребни беа повеќе идеи и насоки со цел поголема промоција и интеракција на истата.

Пристап

На овој проект работеа 5 студенти во период од 4 недели. Компанијата пополни детален прашалник со цел подобро запознавање со мисијата и визијата. Исто така, беа дадени конкретни насоки во однос на очекувањата од проектот, врз основа на кои беше изработен планот со активности и рокови.

Проектот започна со заеднички состанок на компанијата со тимот на студенти. Овде се дефинираа очекувањата, насоките и роковите. Потоа, секој студент работеше самостојно на своите задачи претставени во планот, со постојана комуникација со координаторот на програмата и насоки од менторите.

По завршувањето на активностите, на заеднички состанок беа презентирани предлог решенијата и препораките.

Решение

За потребите на Neptun, студентите на  Galeksia изработија:

  • Анализа со предлог содржини за блогот за кариера, кои ќе бидат интересни и информативни, но и ќе ја претстават компаниската култура пред потенцијалните вработени;
  • Предлози и насоки за комункација на социјалните мрежи, со цел поттикнување на поголема активност;
  • Content calendar за LinkedIn  и Facebook;
  • Предлози за платени реклами со клучни зборови;
  • SEO анализа;
  • Анализа на веб страницата.

Програмата на Galeksia за дигитален маркетинг е одлична можност детално да се запознаеш со сите аспекти од дигиталниот маркетинг и да одбереш област(и) каде ќе се насочиш. 

Работењето на реални проекти за партнер компании освен што го продлабочува твоето знаење, ја проширува и твојата мрежа на контакти. 

Во рамките на проектот Нептун, студентите имаа можност да работат за потребите на голема компанија, да комуницираат со различни сектори, со цел подобра организација и обезбедување на поголема поддршка. Преку работата на проектот, студентите исто така стекнуваат дополнителни вештини, како што се работа со алатки за проектен менаџмент, развивање на презентациски способности, тимска работа и сл.

 


Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.