Проект Кајгана Медиа: Маркетинг стратегија за онлајн продавница

OVERVIEW

RESOURCES

Learning-partner компанија

Kajgana Shop (shop.kajgana.com) e веб продавница која е лансирана во декември 2020 година, како дел од интернет порталот kajgana.com. Целта на продавницата е на купувачите да им понуди квалитетни производи по најдобри цени и најдобро искуство при онлајн купувањето.

Предизвик

Порталот kajgana.com постои 16 години и е јадрото на моменталните купувачи на shop.kajgana.com, но голем дел од онлајн купувачите и интернет корисниците воопшто не знаат дека shop.kajgana.com постои. Целта на компанијата е да стигне до што повеќе онлајн купувачи и интернет корисници. Важно е создавањето  имиџ кај онлајн купувачите дека станува збор за безбедна онлајн продавница, која продава квалитетни производи по најдобри цени, а истовремено се грижи за задоволство на купувачите. 

 

Мобилната апликација за онлајн купување е лансирана, па потребно е планирање на активности кои ќе доведат до што поголем број на симнувања на iOS и Android уреди.

Решенија

  • Изработка на SEO анализа на страницата shop.kajgana.com со насоки за подобра веб оптимизација;
  • Предлози за PPC кампањи кои се фокусираат на купување на велосипеди, тротинети и гуми;
  • Website анализа на онлајн продавницата shop.kajgana.com, со насоки за подобра оптимизација;
  • Social media calendar за Facebook со постови кои се фокусираат на лансирање и симнување на мобилната апликација;
  • Предлози за PPC кампањи со фокус на кујнски апарати, апарати за домаѓинство и фитнес опрема;
  • Social media calendar за две социјални мрежи: Facebook и Instagram, со фокус на постови за производи кои истовремено вклучуваат различни видови на CTA (call-to-action).

Цел на решенијата

  • Изработка на маркетинг стратегија за shop.kajgana.com;
  • Oсмислување на програма за лојалност (cashback);
  • Изработка на месечен комуникациски план за Facebook / Instagram со претходно утврдени цели:
    а) Истакнување на предностите од купување преку Kajgana Shop;
    б) Зголемување на доверба кај потенцијалните купувачи за купување од е-продавница (верификуван е-трговец);
    в) Поттикнување engagement со потенцијални купувачи, lead generation и конвертирање во реални продажби.
  • Remarketing и retargeting преку Facebook ads;
  • Осмислување на тематска дигитална кампања:
    – Цел: поттикнување продажба на велосипеди и тротинети (субвенции / плаќање на рати).
  • Осмислување на тематска дигитална кампања:
    – Цел: поттикнување на download и инсталација на мобилна апликација за iOS и Android уреди.

Очекувани резултати

  • Зголемување на регистрирани корисници;
  • Зголемување на продажбата и популарноста, при што за корисниците овој сајт да стане прв, top of the mind избор за онлајн купување;
  • Зголемување на бројot на претплатници на newsletter;
  • Промоција на мобилна апликација за онлајн купување и што поголем број на симнувања на iOS и Android уреди.


Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.