Learning-partner компанија
Bonatti е бренд кој сака до сите да ја доближи удобноста и убавото чувство под облеката. Како бренд, сакаат да понудат квалитет на сите жени и мажи кои знаат колку убавата долна облека го менува целокупното расположение.
Предизвик
Прва и главна карактеристика на компанијата е дека купувачите се секогаш на прво место и во право. Желбите и побарувањата секогаш да им бидат задоволени. Што се однесува до вработените, љубезноста и пријателскиот однос да се на највисоко можно ниво. Карактеристиката по која сакаат купувачите да ги препознаваат дефинитивно е услужливоста, заедно со беспрекорниот квалитет. Визијата на компанијата е да создадат навика и лојалност кон брендот кај девојките и жените уште од најрана, млада возраст.
Проширување и зголемување на публиката на Bonatti е главниот предизвик во овој проект. Привлекување на помладата публика, е исто така во фокусот, со цел создавање на навика и лојалност кон брендот.
Решенија
- Email marketing calendar;
- Изработка на SEO анализа на страницата bonatti.mk со насоки за подобра веб оптимизација;
- Social media calendar, со вклучени постови за Instagram и Facebook, со постови кои се фокусираат на различни производи;
- Предлози за блог постови на веб страницата на Bonatti, со цел да се понудат содржини кои се релевантни и интересни, а кои ќе го придонесат за подолго задржување на веб страницата;
- Преглед на клучни зборови кои можат да се искористат за платени кампањи, како и предлози за содржини поврзани со тие клучни зборови.
Цел на решенијата
- Проширување на публиката;
- Препознатливост на постовите, каде што публиката може да се идентификува и да се препознае во брендот;
- Зголемена и опуштена комуникација со купувачите.
Очекувани резултати
- Нови и свежи идеи за зголемена комуникација на социјалните мрежи со купувачите;
- Објективен преглед на досегашните активности и идеи за подобрување на содржините на веб страницата и профилите на социјалните мрежи;
- Зголемување и проширување на публиката, која би вклучувала и помлада возрасна група.
Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.