Дигитални маркетинг активности за CRUX

OVERVIEW

RESOURCES

Learning-partner компанија

Crux е компанија која се занимава со производство на природен путер од кикиритки и природен путер од лешници. Оваа мала семејна компанија, внимателно ги одбира состојките за своите производи и е грижлива кон своите клиенти.

Предизвик

Релативно нови на пазарот, овој мал бизнис има за цел да ја подигне видливоста на својот бренд и да ја лансира својата онлајн продавница, преку која можат да се купат производите со обезбедена достава. 

Тимот составен од 4 студенти, имаше за цел да изработи повеќе активности и да го примени стекнатото знаење од програмата за дигитален маркетинг. Овие активности се дел од стратегијата за промоција на брендот и зголемување на неговата видливост, преку зголемено присуство на социјалните мрежи.

Решенија

  • Content calendar со предложени редовни постови за две социјални мрежи: Facebook и Instagram;
  • Email marketing календар со предложени кампањи за производите;
  • Предлози за блог содржини, со цел едукација, интеракција и промоција на брендот и производите;
  • SEO анализа за онлајн продавницата, со насоки за подобрување и оптимизација;
  • Предлози за платени кампањи – PPC;
  • Истражување и креирање на листа на клучни зборови кои ќе се користат за создавање на успешни платени реклами.

Цел на решенијата

Да се создадат различни маркетинг активности преку кои компанијата ќе го промовира својот бренд, ќе ја зголеми публиката и ќе ја разработи својата онлајн продавница. Во предложените решенија се води сметка и за можности за интеракција со публиката, како и нудење на корисни совети и информации кои освен што одат во прилог на промоција на брендот, имаат за цел да ја едуцираат публиката и да бидат интересни за читање.

Очекувани резултати

  • Зголемена видливост на брендот;
  • Зголемено присуство на социјалните мрежи;
  • Успешна онлајн продавница и зголемена продажба;
  • Препознатливост на производите;
  • Едуцирање на публиката за корисноста од употребата на природни производи во исхраната, нутритивните придобивки од редовното конзумирање на истите, како и интересни начини за вклучување на овие производи во исхраната.

Изјава од Марија Николова, сопственик на Crux:

„Ако сте сопственик на бизнис кој сака да ја разбере големата слика на дигиталниот маркетинг и како истата да ја интегрирате во вашиот бизнис модел- постојаното учење и работа со професионалци е вистинскиот пат до успехот. Само така може да ги разбереме можностите и огромниот потенцијал што ги нуди дигиталниот маркетинг.“

Марија Николова


Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.