Learning-partner компанија
Bella е женски моден бренд, кој изработува уникатни парчиња облека од квалитетни материјали, а истовремено ги следи светските трендови. Мисијата на компанијата е да им понуди на жените задоволство и самодоверба, носејќи дизајнерски модели на Bella.
Предизвик
По повод 30 години постоење на Bella, компанијата има за цел да организира различни маркетинг активности, со цел одбележување на јубелејот. Компанијата воведува и модни линии за помлада публика, а отвора и нов продажен центар, како дел од својата стратегија за зајакнување на брендот.
Тимот составен од 4 студенти, имаше за цел да ги анализира маркетинг активностите на Bella, да предложи кампањи за промоција на брендот, како и да изработи решенија за дигитален маркетинг.
Решенија
- Предлог идеи за маркетинг кампањи по повод 30 години моден бренд Bella;
- Предлози за видови на Email кампањи и совети за успешност;
- SEO анализа на страницата на Bella, со насоки за подобрување и оптимизација;
- Email маркетинг календар;
- Предлози за платени кампањи – PPC.
Цел на решенијата
Очекувањата на компанијата се дека со помош на предложените решенија ќе се постигне зголемување на brand awareness. Модната компанија постои веќе 30 години, негува стил кој е ултра модерен, а во последно време се фокусира на таргетирање на помладата публика. Зголемувањето на свесноста на публиката за тоа дека брендот освен Basic т.е Прима (деловна линија) и Bella Lure (свечана) го проширува портфолиото со 2 нови категории – Smart i Leisure, е ставен во фокусот на активностите.
Очекувани резултати
- Таргетирање на помладата публика, 25-35 години;
- Интересни интеракции за помлада публика;
- Поголема покриеност / информираност/ застапеност на брендот низ државата, со оглед на тоа дека дуќаните се само во Скопје;
- Онлајн продажба.
Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.