Проект Pitch 121: Content стратегија за зголемување на brand awareness

OVERVIEW

RESOURCES

Learning-partner компанија

Pitch121 е компанија која се обидува да развие нова сопствена маркетинг категорија – Profile based marketing. Сакаат да се фокусираат на тоа како да им овозможат на бизнисите да растат преку градење на клиентска мрежа на обожаватели. Нивната цел е да ја претстават помеката страна на продажбата, преку зближување со клиентите, при што ќе им овозможат на луѓето да одберат да купуваат, наместо едноставно да им се продава.

Предизвик

Главниот предизвик на овој проект е изработка на активности кои ќе одат во насока на зголемување на свесноста за брендот, преку креирање на календар со содржини, заедно со ревизија на веб страницата и обезбедување на насоки и предлози за подобра оптимизација и посетеност. 

Решенија

  • Social media calendar за LinkedIn;
  • SEO анализа со насоки за подобра оптимизација;
  • Предлози за содржини соодветни за секоја фаза на патот кој купувачот го поминува (buyer’s journey);
  • Предлози и насоки за зголемување на brand awareness;
  • Листа на алатки кои се користени во процесот на анализа.

Цел на решенијата

  • Добро осмислен и организиран content, кој ќе овозможи зголемен органски сообраќај кон веб страницата;
  • Зголемување на комуникацијата со публиката;
  • Предлози за подобрување на SEO.

Очекувани резултати

  • Почести и подобри содржини кои ќе го зголемат органскиот сообраќај кон веб страницата;
  • Зголемена активност на LinkedIn;
  • Зголемување на видливоста и препознатливоста на брендот.


Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.