Learning-partner компанија
Попова Кула е добро позната винарија во демиркапискиот регион, која произведува вино од 11 видови на грозје, вклучувајќи и специфични сорти како Станушина и Жилавка. Покрај производството на вино, поседуваат и сместувачки капацитети, преку кои развиваат и туризам. Создадена е и онлајн продавница за вино, која треба да се промовира и е темата на овој проект.
Предизвик
Предизвикот на овој проект е промоција на онлајн продавница за вино. Компанијата не е многу активна на социјалните мрежи и повремено користи Facebook, Instagram и email marketing. Тимот составен од 3 студенти, имаше за цел да го примени стекнатото знаење од програмата за дигитален маркетинг преку изработка на предлози со кои на компанијата ќе и помогне да го зголеми присуството на социјалните мрежи; ќе и даде пример за изработка на платени кампањи; ќе направи анализа на постоечката онлајн продавница со препораки за подобрување и оптимизација.
Решенија
- Google Analytics анализа на онлајн продавницата на Попова Кула;
- Email marketing календар со предложени кампањи за производите;
- Предлози за платени кампањи – PPC;
- Истражување и креирање на листа на клучни зборови кои ќе се користат за создавање на успешни платени реклами;
- Предлози за теми за постови и блог содржини, со цел интеракција и промоција, но и интересни и едукативни содржини за виното;
- SEO анализа за онлајн продавницата, со насоки за подобрување и оптимизација.
Цел на решенијата
Предложените решенија имаат цел да понудат активности од областа на дигиталниот маркетинг кои компанијата сѐ уште не ги користи. Овие активности се однесуваат на поголемо онлајн присуство, зголемување на бројот на следбеници и привлекување на нови, како и поактивна комуникација со публиката и нивна едукација за виното. Во предложените решенија се води сметка за содржините, начинот на објавување и бројот на објави неделно.
Очекувани резултати
- Создавање на навика за поактивно користење на социјалните мрежи, со цел промоција и комуникација со публиката;
- Зголемено присуство на социјалните мрежи преку редовни објави на Facebook и Instagram;
- Интересни и едукативни блог постови на веб страницата;
- Успешна онлајн продавница и зголемена продажба на вино;
- Користење на платени реклами кои можат да послужат како пример и за другите аспекти од бизнисот на компанијата (туризам, настани и сл.);
- Креирање на интересни и едукативни содржини со кои ќе се едицира публиката за виното: сорти, начин на конзумирање, комбинација со храна и сл.
Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.