Проект Energi Map: Создавање препознатливост и brand awareness

OVERVIEW

RESOURCES

Learning-partner компанија

Energi Map е компанија која нуди целосни решенија за ладење и греење на приватни и деловни објекти, Главната специјалност им се топлински пумпи. 

Нивната визија е да стекнат што е можно повеќе задоволни клиенти каде се остваруваат нивните специфични барања, како и обезбедување на највисок квалитет во однос на цената.  Долгорочна цел им е да бидат први на кои ќе се помисли кога станува збор за високо ефикасни системи за греење и ладење.

Предизвик

Во овој проект студентите имаа задача да изработат стратегија за дигитален маркетинг со која ќе се постигне создавање препознатливост на компанијата и оставање впечаток на сериозна фирма која нуди специфични производи и услуги. Компанијата има одредена таргет група и целиот контент кој ќе биде предложен треба да биде атрактивен за таа таргет група.

Решенија

  • SEO анализа на страницата www.toplinskipumpi.mk, со насоки за подобра веб оптимизација;
  • Совети за присуство на социјалните мрежи, канали, специфичности;
  • Social media calendar за две социјални мрежи Facebook и LinkedIn;
  • Email marketing calendar;
  • Предлози за креирање на кампањи за Facebook со цел brand awareness;
  • Листа на клучни зборови кои можат да се користат за успешни PPC кампањи, како и за подобрување на SEO на веб страницата.

Цел на решенијата

Целта на решенијата е да се создаде стратегија која ќе ѝ помогне на компанијата да стане препознатлива. Пораката на компанијата е дека клиентите ќе го добијат најдоброто за нивниот објект, дека ќе се направи професионална калкулација за енергетска ефикасност и ќе се понуди решение кое ќе ги задоволува потребите со различни цени, за да имаат простор за избор.

Со оглед на тоа дека секторот на делување на компанијата е градежништво каде што не станува збор за класична купопродажба, активностите од дигиталниот маркетинг ќе треба да се насочат кон информирање дека потенцијалните клиенти ќе добијат серизен третман бидејки се работи за долгорочна инвестиција.

Очекувани резултати

  • Запознавање со брендот од страна на таргет публиката;
  • Зголемено присуство на социјалните мрежи;
  • Подобра и поактивна комуникација со потрошувачите;
  • Информација и едукација за услугите и решенијата кои ги нуди компанијата.


Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.