ЧПП

Galeksia – често поставувани прашања

Што овозможува Galeksia и кои се главни предности на програмата?

Galeksia е акредитирана од Digital Marketing Institute за сертифицирани тренинзи во областа на дигиталниот маркетинг. На глобално ниво, во изминатите години овие тренинзи овозможја вработување на 94% од учесниците што ги завршиле. Исто така, 80% беа унапредени во подобра позиција до 12 месеци од завршувањето на тренингот. Над 50% од сертифицираните учесници добиле зголемување во платата.

Дали треба да имам предзнаење за дигитален маркетинг?

Не. Секој што има интерес да научи за дигитален маркетинг може да аплицира за академијата. Целта на оваа академија е да ве обучи за сè поврзано со дигиталниот маркетинг од почеток до крај. Не прави никаква разлика дали си почетник, сопственик на компанија, маркетинг професионалец, вработен, апсолвент, или бараш промена на кариерата. Само треба да имаш страст да научиш дигитален маркетинг.

Зошто треба да ја изберам Galeksia наместо други тренинг центри?

Програмата за дигитален маркетинг е креирана од таканаречениот Industry Advisory Council во кој членуваат претставници на најголемите светски организации. DMI има заедница која брои 120 000+ завршени учесници кои се сертифицирани професионалци преку еден од 130 едукативни центри низ целиот свет. Galeksia е дел од заедница која ги поставува трендовите и стандардите за дигитален маркетинг низ сите региони и пазари. Сертификатите кои се полагаат по завршувањето на програмите на Galeksia се одобрени од светските лидери како Facebook, Google, IBM и Microsoft.

Како се одвива наставата?

Наставата се одвива online, со предавања во живо во попладневните часови. Предавањата се одржуваат два до три пати во неделата. Доколку пропуштиш некое предавање, во секое време имаш можност да ја прегледаш снимката од истото.

Kако се oдвива тестирањето?

По завршувањето на секоја од сертифицираните програми на Galeksia, се здобиваш со право да полагаш завршен испит. Испитот се полага online, а имаш можност да закажеш самиот кога сакаш да полагаш, 24/7 во денот. Пред закажувањето на испитот праќаме детални инструкции за техничкиот дел за неговото изведување.

Испитот е поделен на три дела, а кандидатите треба да постигнат минимум 60% за да го положат испитот. За учесниците на Galeksia, еден ваучер за полагање на завршниот тест е вклучен во цената на програмата.

Дали се добива сертификат по завршување на програмата?

Да, се добива светски признат сертификат за дигитален маркетинг, издаден и акредитиран од Digital Marketing Institute. Сертификатот ти овозможува да се вработиш било каде во светот.