Социјалните медиуми се колекција од мислите на милијарди, а пак во исто време се лични и интимни за секој човек засебно. Логично, ова остава огромен простор за лична интеракција – и корисничката поддршка на социјални медиуми се твојата можност да се издвоиш од другите.
Со овој модул ќе научиш кои платформи се најдобри за корисничка поддршка и како да ја спроведуваш истата на нив. Сè се врти околу среќата – и како да го мериш истото кај корисниците. Но, и како да тренираш агенти што пренесуваат среќа кај корисниците и како да раководиш со онлајн корисничка поддршка што причинува среќа кај луѓето.
Ќе научиш и како да вршиш проценка на услугата и како да влијаеш на местата каде што твоите корисници оставаат оценки за твојата услуга.