Display Advertising вклучува транспаренти, текстуални реклами, видео, аудио и др. За разлика од голем дел од она што се прави во search marketing, овој модул можеби изгледа на традиционален, но тоа не значи дека не крие тајни кој секој дигитален маркетер треба да ги знае.
- Ќе се запознаеш со клучните концепти на Display Advertising кои ги вклучуваат пораката, вредностите на производот и секако, релевантноста и контекстот;
- Ќе се запознаеш со различни формати на рекламирање, различни платформи и опциите кои ги нудат;
- Ќе ги дознаеш правилните прашања што треба да се постават околу таргетирање и креирање на буџет и ќе научиш како да го поставиш сето тоа;
- Ќе научиш за метриките и креирањето на извештаи.