Да го тргнеме иновативниот дел од дигиталниот маркетинг на страна. Класиците никогаш нема да се вон сезона. Да се знае точната идеална публика е сè уште предизвик за секој маркетер. Класичниот маркетинг микс – патот на потрошувачот, креативно планирање и комуникација, медија стратегијата и зголемувањето на перформансот се термини од класичниот маркетинг што никогаш нема да заминат во историјата.

Но, некаде измеѓу дојде дигиталниот маркетинг. И сè се смени. Како читаме, купуваме, гледаме филмови, готвиме. Нашето однесување и животи се диктирани од технологијата. Носењето на одлуки не е исто како порано.

Во овој модул, ќе разгледаме како класичните методи се сè уште актуелни – но и како модерните кампањи се идеалната апликација за нив. Ќе разгледаме како технологијата влијае на потрошувачкото искуство, и како да одговориме на ова влијание.