Во овој модул ќе се запознаеш со 3i рамката којашто е дизајнирана за да ти помогне да ја селектираш најдобрата дигитална стратегија за организацијата за којa работиш.
Ќе ги научиш основните концепти кои ја поддржуваат методологијата DMI 3i. Ќе дознаеш кои се клучни компоненти за ефективна дигитална стратегија и како да развиеш деловна стратегија преку стратешко управување и да постигнеш траен и растечки успех.