Парите се горивото на маркетингот. Но вредноста на рекламите се октаните.
Во овој модул ќе се фокусираме на тоа како да постигнеме максимален поврат на инвестиција за било кој буџет. Потоа ќе се префрлиме на другиот дел од спектарот на ресурси – човечките.
Ќе разгледаме кои се клучните делови што мора да се запазат кога се планира буџет за маркетинг, како да го воспоставиш истиот, и како да надгледуваш и оптимизираш буџет низ текот на самите кампањи. Исто така ќе обрнеме внимание на човечкиот елемент во сето ова – како да најдеш, обучиш, и задржиш одличен кадар.