„Вивакс“ е реномирана компанија на македонскиот пазар, која повеќе од 26 години се занимава со производство и продажба на сокови. Како компанија-партнер на Galeksia, „Вивакс“ овозможи студентите на Galeksia да работат на реален проект, кој подоцна тие ќе го применат во склоп на маркетинг планот за 2021 година.
Иако имаат широко портфолио на производи, во фокусот на овој проект беше Fresh категоријата, односно негазирани освежителни овошни безалкохолни пијалоци. Производите кои се дел од оваа категорија се во пакувања од 0,5л и 1,5л.
Предизвик
Целта на проектот беше да се изработи комплетна маркетинг кампања за категоријата на сокови Fresh.
На проектот работеа вкупно 9 студенти, заедно со менторите на Galeksia и еден асистент. Времетраењето на проектот беше еден месец, за кој период тимот редовно се состануваше онлајн, распределуваше и извршуваше задачи.
Кампањата која се работеше е наменета за лето 2021. Студентите предлагаа и разгледуваа идеи. Се одлучија за неколку од предложените, за кои изработија детални планови и чекори за егзекуција.
Откако студентите го добија документот со осоновни насоки и одговори од страна на „Вивакс“, во координација со менторите започнаа да градат стратегија, од која произлегоа конкретни чекори во насока на нејзина реализација.
Доколку си и ти заинтересиран за програмата, добро би било да ги тестираш твоите вештини и да ги дознаеш познавањата кои ги имаш за дигитален маркетинг.
Пристап и решение
Во однос на идеите, најпрво беше изработена маркетинг стратегија за две кампањи во времетраење од 1 месец.
Во склоп на стратегијата, најпрво се истражуваше пазарот, конкуренцијата, се правеа споредби и евалуации. Врз основа на наодите и заклучоците, беше надополнета дигиталната маркетинг стратегијата.
Како дел од стратегијата за кампањата за Fresh соковите, беше одлучено да се работи на следните функционални области:
- Контент маркетинг
Креирана е содржина за двете кампањи, вклучувајќи и брифови до дизајнерите за креативите кои ќе се работат. - Маркетинг на социјални мрежи
Креиран е контент календар и за двете кампањи. - Платени кампањи преку Google Ads
Креиран е комплетен календар за платените кампањи. - Display и Video реклами
Креирани се брифови и насоки за креативите кои ќе бидат изработени за целите на кампањата.
Заклучок
Работењето на реални проекти е од голема важност и е многу корисно за студентите. Соработката со нашите Learning Partners, комуникацијата и начинот на изработка на задачите им помага дополнително да ги развиваат своите способности и да бидат подготвени за кариреа во дигитален маркетинг.
Со програмите на Galeksia и работата на проекти со нашите Learning Partners, можеш да си обезбедиш најдобра практика, подобрувања во квалитетот на едукацијата за дигитален маркетинг, пристап до низа можности за развој и алатки и континуираното подобрување на вештини.
Запиши се на Galeksia и добиј можност, со помош на нашите Learning Partners и стекнатото знаење да дојдеш до кариерата која ја посакуваш.