СЕРТИФИЦИРАНИ ОБУКИ ЗА ТВОЈОТ ТИМ

Нашата сертифициранa, едукативнa програмa ќе ти овозможи да го трансформираш дигиталното присуство на твојот бизнис со јасен фокус на стратегијата, целите и на самите вработени и нивната стручност.

Зошто да инвестираш во дигитална трансформација?

Онлајн присуството на компаниите е понеопходно од кога било! На секој бизнис му е потребен тим од дигитални маркетери кои се професионалци во својата област.

 

Со DMI програматa имаш шанса да создадеш професионални дигитални маркетери од твојот веќе постоечки тим! Вложувањето во едукација на твоите вработени носи бенефит и за двете страни.

 

Дигиталната трансформација повеќе не е опција, туку е потреба! Направи ја вистинската одлука, инвестирај во иднината на твојот бизнис!

Според истражувањата на Digital Marketing Institute:

71%
од менаџерите изјавиле дека вработените играат клучна улога во нивната стратегија за дигитална трансформација.
55%
од компаниите веруваат дека без дигитална трансформација за помалку од една година значително ќе им се намали профитот.
70%
од големите компании се изјасниле дека нивните дигитални маркетери се добри во одредени маркетинг сегменти, но неподготвени во други
73%
се изјасниле дека DMI сертификатот им го зголемил професионалниот кредибилитет.
ЗАПОЧНИ ЈА ТВОЈАТА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ДЕНЕС

Дигиталната трансформација е инвестиција за твојот бизнис!

Без разлика во која сфера и индустрија е твојот бизнис, клучно е да бидеш во тек со сите најнови технологии, трендови и промени со цел да си конкурентен на пазарот!

 

Обучи ги твоите вработени и инвестирај на долг рок:

 

✓ Избегни трошоци за најмување на маркетинг агенција

✓ Зголеми ги дигиталните продажби и перформанси

✓ Овозможи им професионален развој на твоите вработени

Компании кои ни го доверија професионалниот развој на својот тим:

Роберт Стојковски
агенција за недвижности

„Со примена на SEO, успеав да ги искачам моите листинзи за недвижности на првата страница од пребарувањата.“

Тања Павловска
Винком

„Бизнисите без доза на резерва треба да размислат за континуирана едукација на вработените доколку сакаат со нив да одат низ дигиталната трансформација на својот бизнис.“

Елена Tрајчевска
Клуб Спорт 77

„Ние сме компанија која води сметка за кадровската политика и имаме стратегија за развој и надоградба на вработените во сите области. Истражувајќи го пазарот заради потребите за надоградба на знаењата и вештините во дигиталниот маркетинг, дојдовме до Galeksia.“